• Работно Време: Пон - Пет 8:00 - 16:00

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА КРЕДИТИ

 

ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ

Финансиското друштво ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ ДООЕЛ Скопје, со ЕМБС 7485441, со ЕДБ 4080021595754, со регистрирано седиште на ул. Орце Николов бр.20/6, Скопје, телефон за контакт:    , во понатамошниот текст „ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ”, е лиценцирано финансиско друштво од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија.

Овие Општи услови ги уредуваат правилата под кои ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ одобрува кредити на физички лица – Корисници на кредит, во понатамошниот текст „КОРИСНИК”/ „КОРИСНИЦИ”. Општите услови се составен дел на договорите за кредит, склучени меѓу ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и Корисниците и истите Корисниците може да ги најдат на веб страната на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ на следниот линк www.general.mk/terms_and_conditions, како и во деловните простории на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ.

4. Кредитите, кои се одобруваат согласно овие ОПШТИ УСЛОВИ се одобруваат и исплаќаат од страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ во македонски денари и се враќаат од страна на Корисниците на кредитот во македонски денари (МКД).

ДЕФИНИЦИИ

За целите на овие Општи услови, следните поими го имаат следното значење:

Апликација – e барањето за добивање на кредит, што се поднесува од Корисникот на кредитот лично преку веб страната на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, преку телефон или непосредно во деловните простории на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ;
Кредитобарател – е деловно способно физичко лице со постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија, кое сака да склучи Договор за кредит со ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ;
Корисник на кредит - e секое деловно способно физичко лице со постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија кое има склучено Договор за кредит со ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и има одобрен и исплатен Кредит од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ на неговата жиро сметка;
Договор или Договор за кредит - е склучениот договор меѓу ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и Корисникот на кредитот. Составен дел на Договорот за кредит се овие Општи услови, одобрената апликација од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, Формулар со преддоговорни информации за понудените кредитни услови за потрошувачки кредит и Образецот за преглед на парични текови.
Веб страна – е официјалната веб страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ: www.general.mk.
Кредит - е секој износ на парични средства исплатен од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ врз основа на овие Општи услови и Договорот склучен меѓу ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и Корисникот на кредит, како и долгот, настанат и формиран од и во врска со реализираната сума од главнината на паричните средства, вклучувајќи ги каматите за наплата, трошоците и др. плаќања согласно одредбите на Договорот и овие Општи услови;
Кредит за рефинансирање – нов кредит за целосно затворање на постоечкиот долг на Корисникот на кредит кон ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ од тековниот Договор.
Камата - ќе ја означува договорената камата меѓу ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и Корисникот на кредит за време на користење на Кредитот, а која важела во моментот на потпишување на Договорот за кредит;
Казнена камата – е законската казнена камата која се пресметува и наплаќа на сите доспеани, а неплатени побарувања, освен на неплатената камата, за целиот период од денот на доспевањето до денот на плаќањето;
Рата (ануитет) - е износот од кредитот, вклучувајќи го доспеаниот дел од главнината, каматата и трошоците за одреден период, кој износ Корисникот на кредитот ќе биде обврзан да го плати на одредениот датум на доспевање во зависност од важечките услови за соодветниот кредитен производ;
Деловни простории – е секој деловен простор, користен од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, во кој Корисникот на кредит ќе може да добие услуги поврзани со кредитните продукти кои ги нуди ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ. Локацијата и работното време на овие деловни простории се наведени на веб страната на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ;
CВT - е Годишната стапка на вкупните трошоци согласно Законот за заштита на потрошувачите при одобрување на потрошувачки кредити и сите останати важечки закони и подзаконски акти во Република Северна Македонија;
СМС код за идентификација – означува СМС порака со код кој ќе биде испратен на личниот телефонски број на Корисникот на кредит наведен во Апликацијата и ќе има важност на електронски потпис во смисла на член 2 и член 12 од Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА ЗА КРЕДИТ

Корисникот на кредитот аплицира за кредит со лично пополнување и поднесување на Апликација до ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ преку веб страната на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ или директно во деловните простории на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ или преку телефон, во кој случај Апликацијата, согласно дадените податоци од Кредитобарателот, ја пополнува кредитниот референт на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ.

Согласно дадените полиња на апликацијата, во истата се наведуваат личните податоци на Корисникот на кредитот, неговата електронска пошта, телефон за контакт и др., називот на кредитниот производ ,како и бараниот износ на кредитот, рокот на кредитот, условите под кои Корисникот на кредитот сака да го користи кредитот, и бараниот начин за земање на паричните средства од кредитот и банкарската сметка.

При пополнување на Апликацијата покрај податоците наведени во претходната точка, Корисникот на кредит треба да даде согласност за обработување, користење и чување на личните податоци од страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, како и согласност ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ да врши проверки на кредитна способност на барателот на кредитот во соодветните институции.

За било какви грешки при пополнување на податоците, настанати по вина на Корисникот на кредитот, ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ не носи одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.

Доколку Корисникот на кредитот поднел Апликација преку веб страната на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ или преку телефон, во тој случај ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ му ја доставува на Корисникот на кредитот преку електронската пошта која ја има наведено во Апликацијата, целата потребна Преддоговорна информација за бараниот Кредит, предлог договор, Општи услови и Образецот на паричните текови. Доколку Корисникот на кредитот ја поднел апликацијата во деловните простории, целокупната пропратна документација ќе му биде предадена лично на Корисникот на кредит.

Корисникот на кредит е обврзан да му обезбеди на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ копија од лична карта. Со цел утврдување на кредитната способност на Кредитобарателот, ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ може да ги побара од Кредитобарателот следните документи:
копија од последен извештај за годишен приход,
копија од банкарски извештај за последниот календарски месец, ако нема извештај, сметка од потрошена електрична енергија (фактура за ДДВ) издадена пред најмногу 3 месеци пред датумот на поднесување на Апликацијата за Кредитот која содржи адреса на Корисникот на кредит,
копија од договорот за вработување,
документ за примање на пензија.


УТВРДУВАЊЕ НА КРЕДИТОСПОСОБНОСТ И УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА

По приемот на Апликацијата ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ ја утврдува кредитоспособноста на Кредитобарателот врз основа на информациите и документите добиени од Кредитобарателот, како и информациите обезбедени од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, вклучувајќи ги информациите добиени од Македонско Кредитно Биро или од друга база на податоци, до која има легално добиен пристап.

Согласно овие Општи услови, а за целите на одобрување на кредит, Кредитобарателот изјавува дека на датумот на поднесување на апликацијата:
Нема обврски како жирант, ниту неисполнети обврски кон државата, финансиските институции, кон други физички или правни лица или обврски кои треба да бидат исплатени пред доспевање на кредитот за кој аплицира, освен оние за кои при склучување на Договорот го известил ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ;
Спрема него во моментот не се водат кривични и граѓански постапки;
Сите податоци наведени во Апликацијата се целосни и точни.

Доколку при пополнување на Апликацијата, Кредитобарателот обезбеди неточни податоци, во зависност од моментот на дознавање на овој факт, ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ има право или да го одбие склучувањето на Договорот и/или одобрувањето на кредитот, или да го раскине Договорот (ако таков е склучен), без претходна најава и да побара предвремено враќање на кредитот, заедно со сите такси, трошоци и пресметани камати или такви, кои ќе бидат пресметани до датумот на раскинување на Договорот согласно условите за Предвремено доспевање на кредитот утврдени во глава XII од овие Општи услови.

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ е должен да ја разгледа Апликацијата и да одлучи за основаноста на истата во рок од 10 (десет) дена од нејзиното поднесување, доколку во Апликацијата се наведени сите потребни податоци.

Доколку ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ ја одобри Апликацијата, Кредитобарателот ќе биде известен за тоа на e-mail и/или телефонски број, наведени во Апликацијата.

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ има право, без образложение, да ја одбие Апликацијата со испраќање на известување до Кредитобарателот на телефонски број (преку CMC) или на електронската пошта наведена во Апликацијата.

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ ќе ја одобри Апликацијата и ќе исплати кредит доколку се исполнети следните услови:
Корисникот на кредит е деловно способно физичко лице, резидент на Република Северна Македонија;
Корисникот на кредит ќе го прифати и потпише Договорот и прилозите кон истиот;
Корисникот на кредит ќе обезбеди копии од: документ за лична идентификација и доказ за редовен месечен прилив;
Корисникот на кредит ќе добие позитивен кредитен резултат од извршената контрола на способноста за кредит.


ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ

Договорот се смета за потпишан и склучен во моментот кога Корисникот на кредит:
Преку телефон со откривање на СМС кодот за верификација на претставникот на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и со експлицитна изјава дека преферира и бара, поради експедитивност и ефикасност, да го склучи овој Договор преку телефон како соодветно средство за комуникација на далечина;
Со потпишување на Договорот со електронски потпис по пат на внесување на СМС кодот за верификација од страна на Корисникот на кредит;
Со рачно потпишување на овој Договор, по прием на Договорот во хартиена форма во деловните простории на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, или
Со рачно потпишување на овој Договор, по прием на Договорот во хартиена форма на неговата/нејзината адреса, наведена во Апликацијата, при што доставата на Договорот на адресата на Корисникот на кредит, заедно со преостанатата кредитна документација наведена, ќе биде извршена од страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, непосредно преку неговите вработени или преку ангажирање на трета страна која врши услуги за достава (“Доставувач“).

Корисникот на кредит признава, прифаќа и се согласува дека Договорот ќе се смета за потпишан на начин како што е наведено погоре и дека неговите/нејзините обврски, коишто произлегуваат од Договорот, ќе стапат на сила само доколку Корисникот на кредит достави копија од неговата/нејзината исправна и валидна лична карта до ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ преку веб страницата на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, на е-мејлот на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, во деловните простории на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ или на Доставувачот.

Договорот за кредит се склучува согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија.


РЕАЛИЗИРАЊЕ И ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ во рок од 3 работни дена од потпишување на Договорот за кредит го исплаќа одобрениот паричен износ на Корисникот на кредит, на еден од следните начини:
Преку банкарски трансфер на банкарска сметка на Корисникот на кредит како што е наведено во Aпликацијата, при што Корисникот на кредит експлицитно потврдува, прифаќа и се согласува дека ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ нема да има било каква одговорност за било какви трошоци, надоместоци или штети претрпени од Корисникот на кредит како резултат на тоа што Корисникот на кредит по грешка или на друг начин навел неточен број на банкарска сметка во Апликацијата. ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ нема никаква одговорност во случај на задоцнување на банкарскиот трансфер поради причини кои не се поврзани со него.
Преку исплата на износот на кредитот од страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ на Корисникот на кредит во готовина во деловните простории на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ. При приемот на износот на кредитот во готовина, Корисникот на кредит е должен да потпише признаница во хартиена форма дека го примил целиот износ на кредитот од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и таквата потпишана признаница да му ја предаде на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ.
При исплатата на износот на кредитот во готовина, Корисникот на кредит е должен да му покаже на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ исправна и валидна лична карта со цел негова идентификација согласно регулативата за спречување на перење пари, при што ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ има право и обврска да задржи копија од личната карта.

Со склучувањето на овој Договор, Корисникот на кредит изјавува и потврдува дека во моментот на склучувањето на Договорот, нема банкарски трансакциски сметки отворени на негово име во било која банка во Република Северна Македонија на кои што има блокада со налог за извршување издаден од овластен извршител, а заради присилно намирување на парично побарување од Корисникот на кредит како должник. Воедно, Корисникот на кредит изјавува и потврдува дека во моментот на склучувањето на Договорот, нема никакви сознанија, според информациите со коишто истиот располага, дека е покрената постапка за присилно намирување на парично побарување од Корисникот на кредит како должник пред нотар или овластен извршител.

Корисникот на кредитот го враќа кредитот на трансакциска сметка на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ со број: 500000001355602 или во готовина во деловните простории на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, чии адреси се објавени на веб страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ www.general.mk. При вршење на отплатите по овој Договор од страна на Корисникот на кредит во готовина, ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ е должен да потпише признаница во хартиена форма дека ја примил отплатата на ратата или на друг доспеан износ од Корисникот на кредит и таквата потпишана признаница да му ја предаде на Корисникот на кредит.

Во случај, ако Корисникот на кредитот плати сума во износ, кој не е доволен, за да го врати вкупниот износ кој требало да го плати до тој момент, со платената сума се затвораат обврските по следниот редослед:
Трошоците направени од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ во врска со неисполнување на обврската на Корисникот на кредитот за враќање на кредитот (трошоци за постапка за присилна наплата на паричното побарување и вонсудска наплата на обврските, трошоци за писма за потсетување, испраќање на пораки и др. слични)
пресметаната законска казнена камата за задоцнето плаќање или казни за доцнење во случај ако тие се договорени;
редовната или договорената камата и
главнината на кредитот.

КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ

Детални информации во врска со видовите на кредитни производи и условите за секој кредитен производ, понуден од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, се објавени на веб страната на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ.

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ има право во секој момент да ги менува условите за одреден кредитен производ, без тоа да влијае врз веќе склучените Договори. Имено, при промена на конкретен услов за кредитниот производ за кој на Корисникот веќе му е одобрен кредит ќе се применуваат условите кои биле важечки на датумот на одобрување на кредитот.

Крајниот рок за враќање на исплатениот кредит е рокот наведен во Договорот.

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ има право на камата, чиј износ се утврдува во Договорот.

Корисникот на кредитот има право да побара нов Кредит од ист или друг вид пред отплатата на веќе добиениот/те кредит/и. Во случај, ако ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ ја одобри Апликацијата од овој став, износот на новиот кредит може да се користи за отплата на обврските на Корисникот на кредитот од постоечкиот Договор за кредит или да биде исплатен спрема Корисникот на кредитот во согласност со Општите услови како нов кредит.

Годишната стапка на вкупните трошоците за кредитот е утврдена во Договорот и истата е пресметана според методологија пропишана од Народната банка на Република Северна Македонија. За потребите на пресметување на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека договорот за потрошувачки кредит е полноважен и дека ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и Корисникот ги исполнуваат своите права и обврски од договорот на договорениот начин и во договореното време.


ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ се обврзува:

Да му го исплати кредитот на Корисникот во согласност со договорениот износ и услови;
На барање од страна на Корисникот на кредитот, при отплата на главнината на Кредитот, да му даде целосна и точна информација за извршените и евидентирани до моментот плаќања;
Да му ги даде на Корисникот на кредитот сите потребни документи, кои се однесуваат на сервисирањето на кредитот;
Да ги објавува на веб страната условите за Кредитните производи;
Да објавува на веб страната податоци за адресите на деловните простории и податоци за нивното работно време;
Да врши и други обврски, предвидени со важечкото законодавство.

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ има право:

Да бара целосно исполнување на сите обврски на Корисникот на кредитот согласно Договорот и овие Општи услови;
Да ги бара од Корисникот на кредит потребните документи, односно копии од документи за одобрување на кредитот, вршење на проценка на кредитоспособноста, како и евидентирање на информациите за опслужувањето на кредитот;
Во случај на задоцнување со плаќањето на достасана рата за враќање од страна на Корисникот на кредитот, како и во случај на делумно плаќање на рата за враќање, да ги преземе сите потребни дејствија за вонсудска и /или започне постапка за присилна наплата на своите побарувања, а трошоците за тоа ќе бидат на товар на Корисникот на кредит.

Корисникот на кредитот се обврзува:
Да го врати искористениот кредит вклучувајќи ја главнината, каматата и трошоците согласно роковите и условите од склучениот Договор за кредит;
Да го извести веднаш ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ за секоја промена на околности кои би предизвикале задоцнување со исплата или би можеле да доведат до влошување на финансиската состојба на Корисникот на кредит, како и за секоја промена во податоците дадени од негова страна при поднесување на Апликацијата;
Да ги сноси сите трошоци поврзани со неисполнување на својата обврска за враќање на кредитот согласно условите и роковите предвидени во Договорот и овие Општите услови.

Корисникот на кредитот има право:

При враќање на главнината од Договор за кредит на барање, бесплатно може да добие и, во секој момент од спроведувањето на Договорот, извадок на сметка во форма на план за враќање – амортизационен план за извршените и претстојните плаќања; кој содржи детален приказ на доспеаните плаќања и роковите и условите за овие плаќања.
Корисникот на кредит може да се откаже од договорот за кредит во рок од 14 дена, без да наведува причина за откажувањето согласно условите наведени во овие Општи услови;
Во секое време да ги отплати предвремено, целосно или делумно обврските од Договорот за кредит заедно со Камата и останатите трошоци, согласно условите за предвремена отплата утврдени во овие Општи услови. 

ОТКАЖУВАЊЕ ОД ДОГОВОРОТ ЗА КРЕДИТ

Корисникот на кредит може да се откаже од договорот за кредит во рок од 14 дена, без да наведува причина за откажувањето. Рокот на откажување започнува да тече:
од денот на склучувањето на договорот или
од денот кога потрошувачот ги добил условите и информациите од договорот, доколку тој ден е подоцна од денот на склучувањето на договорот.

Правото на откажување се врши со достава на известување до ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ во писмена форма во деловните простории или на електронската контакт адреса на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ пред истекот на рокот од 14 дена наведен во точка 1. При откажување од Договорот Корисникот е должен да ја плати главнината и каматата за периодот од искористувањето на кредитот до денот на плаќање на главнината, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на праќање на писменото известување за откажувањето од кредитот од Корисникот до ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ.


ПРЕДВРЕМЕНО ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТОТ

Корисникот на кредит може предвреме да ги отплати целосно или делумно обврските од Договорот за кредит пред завршување на периодот на важност на Договорот во било кое време без известување доставено до ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ.

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ не може да го одбие предвременото исполнување на Договорот за кредит.

Во случај на предвремено враќање на кредитот, вкупните трошоци на кредитот се намалуваат за износот на трошоците кои се применливи за периодот на кредитот кој што е намален. Каматната стапка при предвремено враќање на кредитот може да се наплати само пропорционално за изминатиот период во висина од предвреме вратениот износ. Провизиите и трошоците поврзани со подготовка, обработка и администрирање на кредитот не се одземаат.

Доколку по целосната отплата на кредитот и останатите доспеани обврски за плаќање останат средства кои треба да бидат вратени на Корисникот на кредит, ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ ќе ги врати веднаш.

Во случај на предвремено враќање на дел од Кредитот, ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ ќе изврши повторна пресметка на каматата и ќе му достави на Корисникот на кредит ажуриран амортизационен план, при што дел од каматата која што треба да биде намален поради предвремено враќање извршено од страна на Корисникот на кредит ќе биде целосно одбиена од износот на следниот доспеан ануитет, во согласност со правилата предвидени во овој член. Доколку износот на намалената камата е поголем од износот на ануитетот, одбивањето ќе се изврши од следниот ануитет. Доколку одбивањето во врска со предвременото плаќање го надминува износот на неподмирениот Кредит со сите трошоци, ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ е обврзан веднаш да го врати износот кој што е преостанат на Корисникот на кредит.

Предвремено враќање може да се изврши и преку нов кредит даден од страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ (Кредит за рефинансирање), кој може да биде одобрен единствено за целосно, а не и делумно враќање на постоечкиот долг од кредитот кој го има Корисникот на кредит.


ЗАДОЦНУВАЊЕ

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ има право на надомест на сите направени трошоци во постапките за наплата на доспеаните, а неплатени обврски на Корисникот на кредитот по Договорот за кредит, како што е вонсудската постапка за наплата на долгот и постапката за присилна наплата на долгот.

При доцнење со плаќањето на обврските по кредитот, ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ наплаќа законска казнена камата согласно Законот за облигационите односи.

ПРЕДВРЕМЕНО ПОБАРУВАЊЕ

Сите побарувања за даден кредит стануваат автоматски и предвремено доспеани, без да е потребно известување или покана од страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ кон Корисникот на кредитот, со денот на настанување на било кој од следните настани:
Кога Kорисникот доцни повеќе од 90 дена со плаќање на ратите по Договорот за кредит;
Кога Корисникот доцни со плаќање на која било парична обврска согласно Договорот за кредит и овие Општи услови;
При раскинување на Договорот за кредит согласно глава IV точка 3 од овие Општи услови.

Доколку ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ утврди дека Корисникот на кредитот доставил неверодостојни и / или неточни информации и истите се користеле како основа за одобрување и исплата на кредитот од страна на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, сите побарувања врз основа на Договорот за кредит стануваат предвремено доспеани по доставување на еднострана изјава од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ до Корисникот на кредитот дека Договорот за кредит е предвремено доспеан по овој основ.

Во случај на предвремено побарување на кредитот, Корисникот на кредитот ја должи целата преостаната главнина, како и сите пресметани камати или идни камати, кои ќе бидат пресметани до датумот на предвременото побарување и истите треба веднаш да ги врати на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ на датумот на предвременото побарување. Корисникот на кредитот ќе биде должен да плати и законска казнена камата за задоцнување за неисплатеното предвремено побарување од датумот на доспеаност на предвременото побарување до целосна отплата на истото, како и сите трошоци предвидени во Договорот за кредит и Апликацијата, вклучувајќи ги и трошоците направени во постапките за вонсудска и присилна наплата на долгот.

Со склучувањето на Договорот, Корисникот на кредитот безусловно и неотповикливо ја дава својата согласност да добива CMC на мобилниот телефон наведен во Договорот за кредит и/или пораки преку електронската пошта наведена во Договорот за кредит, а во врска со евентуалното неисполнување на неговите обврски, кои произлегуваат и/или се поврзани со Договорот.

ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ

Договорот за кредит се раскинува предвремено во следните случаи:
Со взаемна писмена согласност на договорните страните;
Еднострано од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ, со достава на писмено известување до Корисникот на кредитот кое стапува во сила веднаш во случај на неисполнување на која било обврска по Договорот за кредит од страна на Корисникот на кредитот, вклучувајќи ги и овие Општи услови како составен дел на Договорот за кредит. За случај на неисполнување ќе се смета и секој случај, во кој Корисникот на кредитот му доставил на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ погрешна, неточна или лажна информација;
Во случај на автоматско предвремено побарување од глава XII точка 1 и 2 од овие Општи услови.


ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Корисникот на кредит потврдува дека е информиран/а дека:
- ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ како администратор на личните податоци во рамките на значењето на Законот за заштита на лични податоци ќе врши обработка на личните податоци на Корисникот на кредит за целите на склучување и извршување на Договорот,
- Корисникот на кредит ги дава податоците на доброволна основа,
- Корисникот на кредит има право на пристап до и корекција на податоците, како и други права согласно Законот за заштита на личните податоци.

Корисникот на кредит е согласен ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ да ги чува и обработува неговите/нејзините лични податоци за следните цели: проверка и утврдување на неговата/нејзината способност за плаќање за целите на склучување на договор за кредит; реализирање на склучениот/те договор/и за кредит што Корисникот на кредит ги потпишал; преземање на потребни правни активности поврзани со наплата, доброволна или присилна, на обврските на Корисникот на кредит од договорите за кредит и за исполнување на законските услови за чување на документи. Корисникот на кредит е согласен ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ да ги чува и обработува неговите/нејзините лични податоци и за следните дополнителни цели: изготвување на кредитно досие, кое ќе го олесни разгледувањето на идни апликации за кредит; за маркетинг цели (испраќање на понуди/комерцијални пораки и други, во врска со финансиските услуги на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ); статистички истражувања и анализи на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ. Корисникот на кредитот дава согласност ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ да врши увид и да добива информации за неговата кредитна задолженост достапни во базата на податоци на Македонско Кредитно Биро. Корисникот на кредитот дава согласност ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ да бара и добива од КИБС и др. чувани во нивните информатички системи лични податоци во смисла на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), вклучувајќи, но не само, податоци за неговите приходи и извршени од него плаќања за придонеси.

Корисникот на кредит дава согласност дека неговите лични податоци може да бидат пренесени и обработувани од страна на агенција за наплата на побарувањата.

ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ може да врши пренос на личните податоци во други трети земји и меѓународни организации, Европската Унија и Европскиот економски простор, како и во земји кои не се членки на Европската Унија и Европскиот економски простор, по претходно одобрение од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ

Сите известувања меѓу Страните во врска со Договорот се вршат:
преку вработено лице кај ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ во текот на лична средба со Корисникот на кредит;
преку препорачана пошта на адресата наведена во Договорот;
преку телефон или смс порака на телефонскиот број наведен во Договорот;
преку е – маил адресата наведена во Договорот.

Со склучување на Договорот, Корисникот на кредитот ја изјавува својата недвосмислена согласност да добива пораки на начини и преку средствата, наведени во претходната точка.

Страните се обврзуваат, секоја од нив веднаш да ја извести другата страна во случај на промена на адресата за кореспонденција, наведена во Договорот за кредит.

Корисникот на кредитот безусловно и неотповикливо изјавува, дека му е познато, дека сите негови изјави, дадени преку средства за комуникација од далечина, вклучувајќи електронска пошта, преку CMC, преку телефон, со пополнување на полињата на веб страната на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ и др., се валидни и го обврзуваат согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија притоа е согласен, истите да бидат снимени и чувани од ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ или други лица со кои ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ има склучено договор.

Во случај ако некоја одредба од Договорот или од овие Општи услови биде прогласена за неважечка од надлежен орган, другите одредби остануваат во сила.

Корисникот на кредитот потврдува дека со склучувањето на Договорот и со прифаќањето на овие Општи услови е запознаен во целост со неговите обврски, како и дека ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ при склучувањето на Договорот му ја дал целата задолжителна по закон договорна и преддоговорна информација, поврзана со одредениот Договор, како и дека има дадено на ГЕНЕРАЛ ФИНАНЦЕ точни и целосни податоци за својата економска состојба.

За сите спорови кои ќе произлезат од Договорот или овие Општи услови, или се однесуваат на нив, вклучувајќи споровите, кои произлегуваат или се однесуваат на нивното толкување, невалидност, исполнување или раскинување, како и споровите за пополнување на празнините во Договорот или прилагодувањето кон ново настанати околности надлежен ќе биде Основниот граѓански суд во Скопје, како и медијаторите, нотарите и извршителите кои потпаѓаат под негово подрачје на надлежност.

Овие Општи услови влегуваат во сила од 01.01.2022 година.